Џет-Сет
24. November 2015 - 9:58

Која е причината за расправијата на Кеба со синот на неговата свадба со Северина?

По естрадните кругови, неколку дена после свадбата, се зборува дека Драган Којиќ Кеба ја расипал веселбата на својот син.

Фолкерот сакал цело време да биде во центарот на вниманието, па ја прекинувал гламурозната програма и не го испуштал микрофонот од рака. Гостите се прашувале дали се жени Игор или Драган?

Нада Топчагиќ го обвини дека го земал микрофонот и никој не можел да дојде на ред.

Јас сакав да ја отпеам „Јутро је“, но тој не ми даде. Ми дојде да му кажам да не ме дави.

Од друга страна Злата Петровиќ вели дека добро е што Кеба се фатил за микрофонот затоа што почувствувал дека недостигаат народни песни.