Loading Video...
Балкан
3. December 2020 - 21:18

Кои се приоритетни групи за вакцинација од Ковид-19 во Македонија, а кои во соседните земји?

Крајот на декември, почетокот на јануари почнува вакцинацијата против Ковид 19.

Европските земји чекаат одобрение од Евроспкaта Агенција за лекови, најверојатно на 29 декември. Според регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуг, залихите во првата фаза ќе бидат многу ограничени и сите држави треба да имаат план кој ќе има приоритет.

Македонија ќе набави вакцини за 400 илјади луѓе. Планот за вакцинација е во завршна фаза, а ќе се дефинира утре. Вчера министерот Филипче објави дека приоритет ќе имаат здrавстените работници, вработените во војската и полицијата, хронично болните, вработените во јавниот транспорт, но и сите јавни службеници, што наиде на револт кај граѓаните, кои прашуваа зошто административците, а не повозрасните граѓани ќе имаат приоритет и зошто државниот сектор е привилегиран во споредба со приватниот.

А, како е во соседството?

Турција излезе со детален план – понуваат со вакцинација крајот на декември, а имунизацијата ќе се спроведува во 4 фази од кои во првата ќе бидат вакцинирани здравстените работници, постарите над 65 години и лицата во старечките домови

Грција ги очекува првите дози на почетокот на јануари, а приоритет ќе имаат здравствените работници, како и лицата над 65 години. Планот е месечно да се имунизираат 2 милиона Грци.

Во Хрватскa вакцинацијата ќе почне со лицата во старечките домовите и здравствените работници. Во следната фаза вакцината ќе ја примата постарите лица кои имаат хронични болести. Предвидеко е да се вакцинираат  прво ризичните, а потоа целата популација на земјата. Што се однесува на најмладите, тие не се приоритет, затоа што за сега ниту една вакцина не е регистриранa за деца, сите производители работeа на клинички истражувања на лица над 18 годишна воздраст.

И соседна Бугарија има план - Први се здравстените работници, припадниците на МВР и лицата над 70 години. Секој Бугарин ќе ја добие бесплатно.

Во Словенија крајот на декември и првата половина на јануари приоритет имаат  постари од 60 години со хронични болести, вработени во здравство и вработените во критични сектори.

Во Србија првата доза од 1,8 милиони вакцини е наменета за целиот здравстен сектор, поголем дел од војската и полицијата, лицата со тешки заболувања и старите над 65 години.