Живот
1. September 2015 - 10:53

Кои се идеалните градови за живеење на хороскопските знаци?

На секој хороскопски знак му одговара поинаков град за живење, во зависност од неговите особини. За раковите идеален е Париз, за водолиите Хонг Конг, а за биковите Лос Анџелес.

За енергичниот Овен, најдобар избор е Лас Вегас

Припадниците на овој знак имаат силен натпреварувачки дух и водат енергичен живот. Секој ден бараат ново возбудување и место кое ќе ги задоволо нивните авантуристички потреби. Затоа најмногу им одговара живот во поголеми градови како што се Лас Вегас и Краков.

Бикот сака престиж, а тоа му го нуди Лос Анџелес

Водени од парите и славата, припадниците на овој знак ја сакаат моќта, па затоа им одговара животот во местата кои со себе носат и одреден престиж. Нивниот град од соништата е секако Лос Анџелес, а нивната глад за добра храна ќе им ја задоволи Палермо или Монте Карло.

Њујорк е дом од соништата за Близнаците

Близнаците исто како и Овните, блискаат со енергија и им треба место кое секојдневно ќе им дава предизвици. Припадниците на овој знак се љубопитни и сакаат да се дружат, а сите нивни потреби може да им ги задоволат Њујорк или Лондон. Таму никогаш нема да им биде досадно и би можеле да станат важен дел од социјалната сцена.

Раковите сонуваат за Париз 

Припадниците на овој знак, се заљубени во уметноста, но пред се во љубовта. За нивниот истенчен вкус најдобар избор е Париз, кој е дом на некои од најдобрите музеи, галерии и романтички кошиња. Покрај за француската престолнина, тие сонуваат и да ја истажат Венеција.

На Лавовите најмногу им одговара Барселона  

Моќни, креативни и театрални. Припадниците на овој знак не можат да му одолеат на убавото време, сонцето и плажите. Нивниот град од соништата е Барселона, која покрај излежувањето на плажите, нуди и богата култура. Како свои на своето лавовите ќе се чувствуваат во Прага, каде до израз ќе дојде нивната креативна страна.

Девицата најдобро ќе се чувствува во Берлин

Девиците се вредни работници и повеќе од се сакаат ред и рутина. На перфекционистичките припадници на овој знак најмногу им одговара германската дисциплина која ја пружа Берлин. Тие сакаат уредени места на кои владеат одредени правила, па патот може и да ги одведе и во францускиот град Лион.

Вагата ќе ужива во убавината на Венеција 

Шарманните и упорни припадници на овој знак се постојано во потрага за животен баланс, па животот во големите градови не е најдобар избор за нов. Потребна им е и доза природа која ќе внесе склад во големите градови со бетонски градби, па затоа по нивна мерка е Венеција, Копенхаген или пак Лисабон.

Чикаго за силната Скорпија 

Припадниците на овој знак се упорни, мистериозни и посакуваат живот во град кој ја одржува нивната личност. Нив им е потребно место во кое постојано ќе се случува нешто, но и ќе има прекрасна природа. Идеален град за скорпиите е Чикаго, но и ќе се задоволи со Њу Орлеанс.

На стрелците целиот свет им е град од соништата

Слично како и овните и близнаците, стрелците се авантуристи. Ниту еден град не им одговара во целост затоа што не можат долго да се задржат на едно место. Најмногу им одговара добрата вибрација на Рим, поради спојот на историјата и модерниот стил на живот. Добро ќе му дојде и во Будимпешта и Наполи.

Јарецот се гледа во Мексико Сити

Упорни, амбициозни и практичните припадници  на овој знак ги сакаат градовите кои ја задоволуваат нивната постојана желба за културно воздигнување. Најдобро место за нив е Мексико Сити, Солт Лејк Сити или Оксфорд затоа што изобилуваат со театри, активности и пружаат можност за напредок.

Водолијата сонува за Хонг Конг

Припадниците на овој знак се полни со оригинални идеи, но нивната креативност е позната надалеку. Бараат место за живот кое ќе им пружи можност уште повеќе да се развиваат, кое постојано ќе им пружи предизвици и прилики за запознавање на различни култури. Совршени градови за нив се Хонг Конг или Москва.

Рибите слободата ја наоѓаат во Фиренца

Чувствителните риби не се создадени за големи градово во кои постојано се брза. На нив најдобро ќе им одговараат мирни градови со богата историја каде нивната романтична страна може да дојде до израз. Нивен град од соништата е Фиренца, но и слободниот дух подеднакво би се снашол во Севиља и Варшава.