Loading Video...
Свет
28. August 2020 - 16:44

Кои производители се најблиску до ефикасна вакцина против Ковид-19?

Дури 170 научни тимови во светот работат на вакцината против Ковид-19. Само 7 вакцини се во последна фаза на клиничко испитување,кога вакцината  се тестира врз голем број испитаници.

Во предклиничка фаза се дури 139 вакцини, тие се уште се тестираат само врз животни. Во прва фаза на клиничко испитување врз мала група луге се 25 вакцини. Во втора кога вакцината се тестира врз стотици испитаници се 15 вакцини. Но засега, ниту една не е одобрена за широка употреба.

За тоа добра шанса има вакцината која се развива на Оксфордскиот Универзитет во соработка со комапнијата АстраЗенека. Таа веќе се тестира врз голем број испитаници во Бразил и Јужна Африка.

Вакцината на мултинационалнaта Бионтех/Фосум Фарма/Фајзер исто така е на почеток на третата  клучна фаза.

Не е далеку ниту Кина.  Во последна  фаза е и Вухан Институт во соработка со произведувачот Синофарм. 

А кинеската компанија Синовак, својата вакцина веќе ја тестира врз испитаници во Бразил.

Американската компанија Модерна  најави готов производ  до крајот на годинава а вакцината  ја тестира врз 30.000 волонтери во САД.

И конечно, руската вакцина од институтот Гамалеја, промовирана од Путин  како прва во светот, засега  ја помина само  втората фаза на испитување, но и покрај тоа таа веке е порачана од 20 земји во светот.