Балкан
9. May 2017 - 9:26

Кого ќе казнат гласачите на локалните избори – ХДЗ или Мост?

Танјуг - Белград

По две недели бурни седници во Хрватското собрание во чиј тек премиерот Андреј Пленковиќ успеа да го спаси министерот за финансии Здравко Мариќ, но и од власта да го потисне Божо Петров од независната листа на Мост, единствено е извесно дека засега е отстранета можноста за нови предвремени парламентарни избори.

Меѓутоа, Хрватска за две недели ја очекуваат локални избори, што според оценката на хрватските медиуми, ќе биде показател кој е вистинскиот победник, т.е. дали гласачите на тие избори ќе ја казнат ХДЗ или Мост.

За тоа, кој кого го поддржал и зошто, сигурно ќе размислуваат и гласачите на 21 мај, кога ќе излезат на локални избори. Бидејќи само во две гласања во Хрватскиот парламент за отповикувањето на актуелниот министер за финансии Здравко Мариќ и за изборот на нов претседател на парламентот Гордан Јандроковиќ, стана јасно дека до вчера незамисливите сојузници многу лесно можат да се најдат во исто табот. Од исти интереси, а наводно од различни политички и идеолошки позиции, пишува хрватски Т-портал.

„Налик на непомирливи политички ривали, секогаш ги спојува истата желба да останат на власт или барем до неа. Притоа, најдобар пример е Томислав Саух, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот премиер Зоран Милановиќ, чиј политички и човечки интегритет, откако се најде во центар на истрагата во аферата Дневници, повторно е на искушение. Дури и ако од наведената афера излезе без правни санкции, кој може се уште да му верува, поврзано за било што” – се наведува во анализата на овој медиум на авторот Бошко Пицула.

Во анализата се тврди дека со оглед на тоа дека постапките на Саух на локалните избори премногу ќе влијаат на резултатот на СДП, најголеми избори губитници контекстуално би можеле да станат ХДЗ и нејзиниот претседател Андреј Пленковиќ.

Наспроти тоа што всушност се неаргументирани оценките дека пресметката на Пленковиќ со Мостовите независни листи е изведена победнички, ХДЗ де факто е ослабена и што се однесува до стабилното парламентарно мнозинство и што се однесува до перцепцијата за веродостојноста кога е посреди заштитата на националните интереси.

„Во 27 години демократски повеќепартиски систем во Хрватска, тешко е да се најде состојба слична на актуелната, во која еден премиер толку силно брани еден министер, а притоа толку да ја ризикува стабилнсота на извршната власт” – наведува Т-портал.

Самата оценка дека министерот Здравко Мариќ е изземен од многу важно одлучување околу спорниот Агрокор, како неодамнешен извршен директор за стратегија и пазарен капитал, значи на самиот врв на пропаднатиот концерн, беше доволна претседателот на владата да му се заблагодари на досегашната соработка, стои во анализата.

Т-портал укажува и на тоа дека начинот на пресметката на премиерот со партијата на Божо Петров, а посебно причината за тоа разидување, не го поддржува голем број граѓани, покажува и молневитото доаѓање на Андреј Пленковиќ на убедливото прво место на најнегативните политичари во земјата.

Половина година како најпозитивна политичка личност во Хрватска, токму поради својата одмереност и стилот на комуницирање, толку различни во однос на поранешните најнегативни политичари во истражувањето на јавното мислење, Томислав Карамарко и Зоран Милановиќ, е Андреј Пленковиќ кој во краток рок почна да потсетува на нив двајца, а тоа гласачите не го сакаат ни краткорочно ни долгорочно. 
На тој начин е даден ветер во грб на независните листи на Мост, две недели пред нивните најважни извбори, правејќи ги нивните кандидати многу повеќе посакувани кај гласачите од пред десетина дена.

Се верува дека какви и да биле досегашните постапки на Мост, преполни со сопствени недоследности и параполитичко однесување, Мостовото истерување на вистината поврзана за Агрокор и неговата 10 годишна поврзаност со политиката, што на крај резултираше со економски слом чија иднина е неизвесна, и тоа како ќе му користи на Мост на локалните избори, а ќе наштети на ХДЗ и на локалните избори и на секое идно тестирање на мнозинството во Хрватското собрание.

Во анализата понатаму стои дека наспроти останувањето на министерот Мариќ, резултатот 75:75 е вистински пораз на моменталното владејачко мнозинство. Уште повеќе бидејќи СДП како најсилна опозициска партија и понатаму не е убедлива и лошо е водена, при што лидерот на таа партија Давор Бернардиќ, како што се наведува, воопшто не разбира дека суштината на секоја политика е остварување на интересите, при што интересите треба да бидат јави и во корист на развојот на целото општество.

Се додека СДП е така водена и така се однесува во политичкиот живот, ХДЗ и Андреј Пленковиќ можат да бидат мирни, се заклучува во анализата.

Инаку Гордан Марас од СДП уште и се нафрли на премиерот и неговиот начин на водењето на државата, тврдејќи дека ХДЗ поради Мариќ ја довел земјата во криза.

Марас смета дека граѓаните сакаат нови избори, а не испазарена власт. 
„Го прашувам Пленковиќ дали вредеше сето тоа само тој да остане премиер. Наместо европски политичар стана балкански манипулант!” – напиша тој на својот Фејсбук профил.

Лидерот на Мост и поранешниот претседател на Собранието, Божо Петров, во интервју за Вечерњи лист откри што мисли за својот наследник, Гордан Јандроковиќ, обвинувајќи ја ХДЗ и Пленковиќ за обид за обид за спроведување на диктатура.