Живот
24. March 2016 - 17:50

Кога сопругот ме измами посакав да умрам, а потоа баба ми ми го даде најдобриот совет во светот!

Се и кажав на мојата баба, а таа ме однесе во кујната. Наполни три сада со вода, која брзо се стопли, а потоа во едната стави моркови, во втората јајца и во третата мелено кафе. без да каже збор ги остави да се готват,а после 15 минутиги исклучи.
 
Ги зеде морковитеи ги стави во чинија, јајцата ги остави во сад, а кафето го сипа во шолја. Се сврте кон мене и ме праша: „Што гледаш?“... Моркови, јајца и кафе, одговорив. 
 
Ми ја доближи чинијата и ми рече да ги допрам морковите, го направив тоа и приметив дека се меки. Потоа м ирече да ги скршам јајцата, откако ги ислупив го гледав тоа тврдо варено јајце. На крајот ми рече да се напијам голтка кафе. Го направив и тоа, и се насмевнам откако ја вкусив аромата. Конечно ја прашав - што значи сето ова ?
 
Баба ми ми рече дека сите три намирници се соочиле со иста катастрофа - зовриена вода. Секоја реагирала различно. Морковите омекнаа, јајцето стана тврдо, меленото кафе се измеша со водата.
 
„А што си ти?“, - ме праша баба ми. Кога несреќата ќе тропне на твојата врата, како ќе реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?
 
Размислував за тоа. Дали сум морков, кој на прв поглед делува цврсто, но потоа омекнува? Дали сум јајце со мека душа, а потоа станува се потврдо? Или, пак сум зрно кафе кое ќе се измеша со водата, баш она што ми носи болка и мака?
 
Сакам да имаш доволно искуство, кое ќе те направи меко и слатко како морков, доволно искусна која ќе те научи да останеш цврста, рече баба.
Најсреќните луѓе не се оние кои го имаат најдоброто од се - тие само прават најдобро од тоа што им доаѓа. најдобрата иднина се темели на заборавено минато, а во животот не можеш да продолжиш напред ако не се ослободиш од своите стари неуспеси и ран ина срцето.
 
Кога се роди, плачеше додека сите други околу тебе се смееја. Живеј го својот живот така да на крајот ти ќе бидеш онаа која се смее, а сите други околу тебе ќе плачат, мудро заклучи баба ми која сакаше да ми каже да заборавам на работите кои ми предизвикуваат болка.