Живот
16. May 2017 - 9:42

Кога на невестата бакнежот не и по волја

Многупати досега сме имале можност да видиме пропаднати запросувања и инциденти на сведбени церемонии, но чудната реакција на една невеста на самата свадба, според многумина е една од нејневеројатните настани досега.

Имено, додека на венчавката младенците стојат пред олтарот и сите со нетрпение го чекаат бакнежот како потврда за склучениот брак, на оваа невеста очигледно нешто не и било по волја.

Така додека момчето го подигнува велот за да и пријде на невеста и да ја бакне, таа пред сите присутни и пред камерите, само ја врти главата и ја одбива подадената уста од новиот сопруг.

Засега не е познато што е причината за ваквата нејзина постапка, дали невестата неволно влегла во бракот или можеби се работи за нешто сосема друго.