Свет
28. October 2018 - 18:24

Кога мразот се топи од површината на Езерото на смртта се открива страшна глетка

Езерото Рупкунд се наоѓа високо на Хималаите, во индијската држава Утараканд, а додека е замрзнато, речиси во текот на цела година, не се разликува многу од другите планински езера.
 
Но, доколку наидете на него кога мразот се топи таму ќе Ве затекне страшна глетка. 
 
Езерото и подрачјето околу него, кое се наоѓа на висина од 5.029 метри надморска височина се преполни со човечки коски. Поради тоа езерото е познато и како Езерото на коските или Езерото на смртта.
 
Костурите во ова ненаселено подрачје во 1942 година ги откри чуварот на шумата, а набрзо се покажало дека се многу постари отколку што се претпоставувало. Постоеле многубројни теории за тоа како умреле 200 луѓе, чии останки се пронајдени во езерото и околу него.
 
Мистеријата околу нивната смрт е решена дури во 2004 година, кога било докажано дека костурите датираат од 9 век и се претпоставува дека станува збор за аџии.
 
 
Со оглед на тоа дека на секое тело е пронајдена речиси идентична рана од тап предмет во пределот на черепот и рамената, научниците заклучиле дека раните биле предизвикани од кружни предмети кои доаѓале одозгора, па затоа е многу веројатно дека несреќните верници биле убиени од ненадејна бура врз кои паѓале големи камења.