Кога ќе сфатите зошто ова бебе се разболело, добро ќе размислите за некои работи
На оваа мајка и е многу мачно што мора да го гледа својот син кој пати од болки и чешање, кој има бројни рани по телото. Кога ќе сфатите зошто се разболел, добро ќе размислите за некои работи.
Многу родители денеска се двоумат околу вакцинирањето на своето дете, а не се прецизно упатени какви последици можат да настанат ако ја избегнат имунизацијата.
Кејли Бурк решила да ја прикаже суровата реалост со застрашувачки фотографии од нејзиниот син и со молба кон родителите да ги вакцинираат своите деца.
Мајка од Австралија испрати очајничка молба до сите родители да ги вакцинираат своите деца, откако нејзиното бебе е хоспитализирано поради варичела, пишува Дејли Меил.
Кели Бурк сподели на својот Фејсбук профил фотографии од својот 11 месечен син Елиј кој е прекириен со застрашувачки пликови од болеста која предизвикала секундарна инфекција во неговото мало тело.
Ова се случило бидејќи Елиј бил премлад да ја добие вакцината.
Елиј е примен во болница овој четврток. Мајката рекла дека овчата сипаница почналаа да се појавува пред недела дена. И таа и нејзината тригодишна ќерка Калиа, која неодмана била вакцинирана, исто ја добиле оваа болест.
- Со оглед дека Калија е скроро вакцинирана, таа има само неколку мозолчиња и пликови, но инаку е добра, напишала Бурк
-Овчата сипаница и кај возрасни е страшна и болна и мора да се пијат аналгетици. Ми дадоа некои лекови за да ми помогнат околу симптомите, додала Кејли
Мајката рекла дека го одвела Елиј во болница откако што престанал да пие течност, а како нејзините сипаници се прошириле и на грлото, претпоставува дека премногу го болело кога голта.
Таа како мајка вели дека и било многу тешко да гледа како нејзиниот син плаче и пати од болки и чешање поради бројните рани.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје