Loading Video...
Тенис
16. May 2019 - 19:11

Кога ќе се налути Ник Кирјос

Повторно му попуштија нервите на австралискиот тенисер Никос Кирјос, овојпат на турнирот во Рим каде во рамките на второто коло играше против Норвешкиот тенисер Каспер Руд.  Проблемите настанаа во 3. Сет на сервис на Кирјос кој промаши и за тоа ја обвини публиката. Следеше кавга со судиите, фановите , супервизорот , фрлање столчиња и дивеење по што Кирјос го предаде мечот и го напушти теренот.

На останатите терени убедливи победи и пласман во третата рунда на фаворитите Ѓоковиќ, Надал и Федерер.