Балкан
4. July 2016 - 9:52

Кога ќе ја погребеме Јована, сите ќе ве потепаме, се закани таткото

Јована Поповиќ (20) од Банатско Караѓорѓево е убиена на 2 јули со куршум во срцето во масакрот во Житиште кога Синиша Златиќ пукаше од калашников и усмрти петмина, а рани 22 гости во кафулето „Макијато“.

Родителите на Јована му се заканија на братот на Златиќ и на таткото дека ќе ја одмаздат својата ќерка која е најмлада жртва на оваа трагедија, и дека целото нивно семејство ќе го снајде истото низ што поминале тие.

-Буквално го повикаа Александар и му рекоа: Имате три дена да побегнете кај сакате. Кога ќе ја погребеме Јована и сето тоа ќе заврши, ќе дојдеме и ќе ве потепаме, раскажува соговорник близок до семејството.

-Крвната одмазда нема да ја преживеат. Нашата Јована ќе ја одмаздиме, се колнеме, додава соговорникот.

Foto: Telegraf

Јована Поповиќ беше на првата година од студиите на Правниот факултет во Нови Сад,  а животот го загуби пред очите на родената сестра Јелена (18) во масакрот во кафулето „Макијато“.

Тие две со уште две другарки биле на „Пиле Фест“. Го донел таткото на Јовани и им рекол дека ќе дојде по нив во три часот по полноќ за да ги врати заедно во Бантаско Караѓорѓево.

Монструозното злосторство Синиѓа Златиќ го стори околу 2 часот по полноќ. Јована немаше никакви жанси да преживее, зошто куршумот буквално и го разнел срцето.

Foto: Telegraf