Коѕијас: „Виножито“ се група пријатели, кои според Договорот не смеат веќе да дискутираат за македонско малцинство
На официјалниот Јутјуб канал на Министерството за надворешни работи на Грција објавено е интервјуто на Никос Коѕијас, шефот на грчката дипломатија, за грчката ТВ Антена. Во контактната програма на оваа телевизија Коѕијас за Виножито, партијата на Македонците во Грција, вели дека е тоа група пријатели и додаде дека со договорот за промена на името на Македонија, забранета е дискусијата за постоење на македонското малцинство во Грција.
„Договорот го забранува тоа. Во договорот има член за тоа. Во член 49 од Уставот на Северна Македонија се вели дека БЈРМ се грижи за македонското малцинство надвор од нејзината територија . Тој член ќе биде сменет како нашиот член 118 од Уставот во кој се вели дека Грција ги заштитува Грците кои живеат во странство. Има голема разлика во формулацијата „Грци кои живеат во странство“ и она што го вели член 49“, изјави Коѕијас.
youtube.com/watch?time_continue=13&v=_MVvfJk0hts
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак