Македонија
2. October 2020 - 19:52

Кочани ново жариште: Министерот Филипче на средба со градоначалникот

Со 17 новозаразени и 172 активни случаи, Кочани е најголемото Ковид жариште на Истокот. Од тие причини, министерот за здравство и првиот човек на општината, доцна попладне имаа заеднички состанок на кој се утврдија идните чекори за справување со корона кризата. Рестриктивните мерки не се опција, бидејќи по нивно завршување, како по непишано правило епидмијата се засилува.

- Целосен карантин не е вистинско решение, заради тоа што кога тоа и да биде направено или препорачано, после укинувањето повторно се соочуваме со ризикот од зголемување на бројот на случаите, изјави Венко Филипче министер за здравство.

Градоначалникот Илијев вели дека прво ќе работат на подигање на свеста на граѓаните, а доколку не вроди со плод, ќе се зајакнат казнените мерки.

- Тогаш нема да ни преостанува ништо друго, туку да примениме казнени мерки, се со цел да ставиме крај на ширењето на корона вирусот во Кочани, изјави Николчо Илијев градоначалник на Кочани.

Од почетокот на епидемијата во Кочани со корона вирусот се инфицирале 392 лица, а 212 ја надминале заразата.