-->
-->
Кочани: Момче (26) уценувал жена (45) со која бил во врска дека ќе објави компромитирачко видео за неа
-->
Полициски службеници од ОВР Кочани вчеравечер околу 23 часот го лишиле од слобода И.З.(26) од с.Чешиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, според пријавата од 45-годишна жителка на Кочани, И.З., со кого била во љубовна врска, ја уценувал дека доколку не му даде пари, ќе објавел фотографии и видео запис за неа со компромитирачка содржина.
Во координација со јавен обвинител, лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259, став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва