Кочани е прва општина во државата со паметно улично осветлување
Општина Кочани ќе штеди по 10 000 евра годишно од сметките за потрошена електрична енергија со инсталирање на паметен систем за улично осветлување. Уредите се поставени на 69 контролни кутии, а светилките и сензорите се прилагодуваат на интензитетот на светлината и временските услови, како и на движењето на возилита и граѓаните.
- Овозможува превентивно да го следиме одржувањето на улишното осветлување, односно, администраторот од своето работно место преку компјутер ги следи сите светилки кои се на територија на општина Кочани и не мора граѓаните да се јавуваат и доставуваат барање за замена на одредена светилка. Самиот админитраттивен работник може на служните,односно, на фирмата која е задолжена за одржување на уличното осветлување да и даде налог за замена на одредена локација, изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани
Преку паметниот систем може да се следат и злоупотребите и да се контролира потрошувачката на струја, која ќе биде намалена за 900 мега вати годишно.
- Кога ќе има пренапон или поголема потрошувачка од потребната, економскиот оператор, односно фирмата која е задолжена за одржување на уличното осветлуваање, излегува на терен и реагира на дојавата и ги отстранува евентуалните злоупотреби од системот за осветлување, додаде Папазов
Обврска на општината ќе биде во иднина да го прошири овој систем на управување со уличното осветлување и во руралните населени места и на периферијата од градот, каде исто се очекува да се остварат одредени заштеди. Ефектите од економската и енергетската ефикасност се долгорочни и се добар пример и за останатите општини да го прифатат овој модел.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар