Кочанчани го блокираа патот кој води кон депонијата
Кочанчани од рано утринава го блокираа патот кој води кон градската депонија, за да не дозволат ниту едно комунално возило да помине и да одлага отпад. Незадоволни се што депонијата постојано се пали, се испушта токсичен чад, а енормното загадување се чувствува и во градот. Отпад се депонира и од соседните општини, Виница, Зрновци и Чешиново- Облешево, кои ги затвораат своите депонии.
- Не ја знам причината, зошто тие да немаат депонии, а кај нас да биде колективна. Ако веќе мора да биде колективна, тогаш да не се случува ова што ни се случава нам, изјави Стојан Глувчевски, жител на Кочани
- Значи треба некој сериозно да не сфати дека има сериозни болести како последица на горењето на депонијата, изјави Благица Сабовљевиќ, жителка на Кочани
- Овде веќе не се работи за иднината, туку за сегашноста и на нас и на децата наши, додаде Глувчевски
Жителите на село Бели кои живеат во непосредна близина и кои се постојано изложени на аерозагадувањето, бараат трајно решавање со дислокација или трајно затворање на депонијата.
- Ова е веќе ненормално, нека преземат нешто. Ние сме тука и не ги пуштаме камионите со отпад, овде ќе стоиме 24 часа, изјави жител на с. Бели, Кочанско
Граѓаните кои протестираат утринава се сретнале и со раководството на ЈКП „Водовод“ од кои добиле уверување дека е анагажирана механизација која работи на затрупување на отпадот, а на влезот е одредно 24 часовно дежурство за контрола на неовластено влегување на депонијата
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар