Македонија
20. јуни 2016 - 12:55

Коалицијата за промени и правда бара итно разрешување на кризата

Коалицијата за промени и правда смета дека е крајно време да се стави крај на политичката криза и да се нормализираат состојбите, се со цел да се создадат услови за владеење на правото и правдата.

- Целокупниот државен апарат вклучително и судовите се ставени во функција на заштита на државно политичкиот врв. Реформи не се спроведуваат и не се работи на создавање основни предуслови за одржување на фер и слободни избори, наведуваат во соопштението.

Коалицијата бара итен договор за излез од кризата и формирање на реформска - експертска влада, и аплираат на масовни и мирни протести за да се забрзаат процесите за излез од кризата.