Македонија
14. March 2021 - 14:41

Коалицијата АА/А: Која е мотивацијата на признанието на „Тигрите“ за Артан Груби?

„Вчера, кога полициската единица  „Тигри“ ја  одбележи  својата 40-годишнина од основањето, беше изненадување што во тој настан се доделија плакети и за двајца Албанци: заменик-премиерот Артан Груби, и за заменик-министерот за Внатрешни работи“, Назим Буши, велат денеска во партиско соопштение од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Знаејќи ја дејноста на оваа единица од демонстрациите во 1981 и 1989 во Косово, преку настаните во Бит Пазар, Ладориште, Тетовски универзитет, се до убиството на цивилите во с. Љуботен, јасно е дека оваа моноетничката единица имала повод за славење и за доделување на признанија на тие што биле успешни во убивање и насилство кон Албанците, но бидејќи секое признание има мотивација, Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА прашува јавно која била мотивацијата на ваквото признание за двајцата Албанците од власта? Која е заслугата на Артан Груби и Назим Буши за ваквите 40-годишни антиалбански акции на „тигрите“? Интересно е и тоа што ваквото признание доаѓа само еден ден откога нивниот лидер се гордееше со демонстрациите од ’81-ва„стои во соопштението.

Од Коалицијата АА & ААА истакнуваат дека единицата „Тигри“, која според нив и ден денес останува моноетничка – значи само македонска, за Албанците ќе остане единица која ќе се памти со антиалбанските акции, додека тие што добиваат признанија од таа, нека им биде на нивна чест.