Македонија
16. November 2016 - 8:32

Книжевна средба и трибина за македонската и бугарската литеартура

Во рамки на дводневната манифестација „Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“, денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе биде организирана книжевна средба со три современи бугарски авторки - Силвија Томова, Вања Аврамова и Поли Муканова.

Тие ќе читаат извадоци од своите дела, а осврт за бугарската книжевност ќе има поетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски.

НУБ ќе организира и трибина на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“, на која е најавено учество  на писатели, преведувачи, издавачи.

„Деновите на современа бугарска книжевност во Македонија“, кои НУБ ги организира заедно со Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија, беа отворени вчера кога директорите на двете библиотеки потпишаа нов договор за соработка.

Во холот на НУБ беше отворена и изложба на книги преведени од бугарски на македонски јазик во последните две и пол децении.