Македонија
11. January 2016 - 18:47

Книгата „Говор на омраза“ од Ненад Живановски преведена на англиски и бугарски јазик

Во издание на издавачката куќа „Рива“ од Софија, на читателската публика во Бугарија деновиве и беше претставена книгата на д-р Ненад Живановски „Говор на омраза - теоретски преглед и додаток истражување Бугарија во македонските медиуми“ во  превод на бугарски јазик.

Книгата, како што вели авторот, претставува опсежен мултидисциплинарен пристап кон феноменот на современите комуникациски процеси - говорот на омраза, но и за критичката анализа на политичкиот дискурс, како и емпириско истражување врз повеќе од 600 новинарски текстови објавени во македонските медиуми во однос на Бугарија.

- Книгата веднаш доби позитивни коментари на Бугарското национално радио како многу полезна за разбирањето на односите помеѓу двете држави, вели Живановски.

Истата книга, но со наслов „Говор на омраза: да или не и зошто не“, деновиве беше објавена и на англиски јазик од страна на германската издавачка куќа „Ламберт академик паблишер“ од Сарбрукер и преку глобалниот дистрибутер на книги Амазон веќе е достапна на читателската публика ширум светот.

Издавач на оваа книга во Македонија е „Бата пресс“ од Скопје, а од печат е излезана во март 2014 година.