Книга за холокаустот на македонските Евреи од Мартин Треневски
Издавачката куќа „Нампрес“ ја објави книгата „Холокаустот на македонските Евреи – злосторство што не се заборава“ од дипломатот, новинар и публицист Мартин Треневски, која е анализа за сведочења на преживеаните македонски Евреи за бруталноста со која нивните предци биле испратени во логорите на смртта.
- Треневски го опишува животот на Евреите во Македонија, долг повеќе од 2000 години, и судбина слична на македонскит народ низ историјата. Прецизно се дадени имињата и бројноста на еврејското население низ историјата, нивниот пат, раселувања и населувања на пошироката територија на Македонија, нивниот живот и работата низ вековите. Посебно се интересни податоците за тоа како значајни личности со еврејско потекло се бореле и придонесувале за слободата на Македонија во подалечното, но и во нашето поблиско минато, соопшти издавачот.
Изданието е двојазично, на македонски и на англиски јазик. Преводот на англиски е на Ристо Стефов, македонски иселеник од Торонто.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море