Македонија
1. August 2017 - 17:22

Клубот на пратенички го осуди нееднаквиот третман на жените маратонки во Охрид

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија го осудува и смета дека е дискриминаторски односот кон жените што учествуваат на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид, затоа што паричните награди за нив се  пониски од оние што ги добиваат мажите натпреварувачи.

- Ова е скандалозно газење на Законот за еднакви можности на жените и мажите и јавно понижување и деградирање на женскиот род. Го повикуваме Атлетскиот сојуз на Република Македонија, како организатор, јавно да се извини и да обезбеди еднаков третман на сите натпреварувачи, со еднакви награди за сите победници, соопшти Клубот на пратенички во Собранието на РМ.