Фудбал
4. January 2019 - 9:32

Клоп по поразот од Манчестер сити: Ова беше нашиот најтежок натпревар оваа сезона

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по синоќешниот пораз од Манчестер Сити (2:1) во натпреварот од 21. коло на англиското првенство, рече дека средбата е најтешка за неговиот тим оваа сезона.

– Натпреварот беше интензивен и многу тежок за двата тима. Сити ги освои бодовите. И ние имавме шанса за успех. Тоа беше многу тежок натпревар. Двата тима се бореа како луди да останат во играта. Ми се допадна фудбалот што го покажа Ливерпул, иако и двете екипи би можеле да играат подобро. Беше тактички фудбал. Изгубивме, што не е многу добро. Ова е нашиот најтежок во досегашниот дел од сезоната, рече Клоп.

И покрај поразот, Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со 54 бода, пред Манчестер сити кој има 50.