Клоп: Нуњез не смее да паѓа на провокации
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше Дарвин Нуњез по исклучувањето на натпреварот синоќа со Кристал Палас од второто коло на Премиер лигата.
Средбата на „Енфилд“ заврши без победник 1:1, а Нуњез доби црвен картон во 57. минута.
– Почетокот на натпреварот беше навистина добар. Токму тоа го сакавме, покажавме голема желба. Сè беше под наша контрола. Меѓутоа, во некои ситуации едноставно немавме среќа. Планот на Кристал Палас за овој меч беше да играат со петмина во задната линија брзо да напаѓа преку контри. Примивме гол. Второто полувреме започна позитивно, но црвениот картон беше нокдаун. Се разбира, имаше причина за исклучување, но Дарвин беше испровоциран. Тој не треба да се однесува вака. Успеавме да го израмниме резултатот со играч помалку и вложивме големи напори. Затоа сега се чувствувам горд, изјави Клоп за „Би-би-си спорт“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација