Клоп: Градиме менталитет на победници
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од победата на Ливерпул од 2:1 над Саутемптон и фактот што тимот од Мерсисајд не дозволи мечот со Челзи да влијае врз нив против Саутемптон.
– Јас немам никаква врска со околу 99% од трофеите што клубот ги има освоено. Потребно е долго време да се ослободиме од товарот на успехот во минатото и се радувам дека повторно освојуваме натпревар. Секако, никогаш нема да ги заборавиме минатите генерации. Поддржувачите ќе сторат сé што можат, за да не спречат да го сториме тоа, изјави тренерот.
Германецот објасни дека Ливерпул почнува да победува по навиката, иако очекувањата упатуваа на замор и можно потценување од страна на европските шампиони.
– Не можам да кажам дека ја газиме конкуренција во моментов, но почнуваме да градиме навики на победниците. Точен е ставот што го заземавме на теренот против Саутемптон. Им кажав на играчите дека овој натпревар е огромна стапица. Сите очекуваа да се „лизнеме“, а насловите се чинеше дека веќе се напишани, продолжи Германецот.
– Но, им реков дека омилениот наслов ми е „Гигантите се вратија“. Точно така се чувствувам токму сега. Направивме одлична работа. Сега е време да се вратиме дома и да закрепнеме. И потоа ќе играме повторно и повторно, заврши Клоп.
Ново на Сител
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто