Фудбал
22. August 2016 - 22:02

Клоп: Чекам да заврши преодниот рок

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп тешко се навикнува на англиските медиуми, особено откако се почести се шпекулациите за нови трансфери. Германскиот менаџер на клупата на Ливерпул, од доаѓањето тој донесе седум нови играчи.
- Едвај чекам да дојде крајот на преодниот рок. Не можам да верувам дека медиумите се толку загрижени околу нови засилувања. Ниту во еден момент не верувате во подбрување низ тренинзи, изјави Клоп за англиските медиуми.
„Црвените“ на стартот од сезоната го победија Арсенал на гости со 4:3, а овој викенд во 2.коло загубија (на гости) од Барнли со 2:0. И во третото коло Ливерпул ќе гостува кај Тотенхем, а утревечер гостува кај екипата на Бартон (член на Чемпионшип дивизија) во рамките на 2.коло од Лига купот.