Фудбал
15. April 2016 - 8:47

Клоп: Беше прекрасно, неверојатно

Со неверојатен пресврт по двете негативи од два гола (0:2 и 1:3) фудбалерите на Ливерпул успеаја да ја совладаат Борусија Дортмунд на домашен терен во реванш 1/4 финалето на Лига Европа и да се изборат за пласман во полуфиналето.

По дуелот менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп изјави:
- Тешко се објаснува. Ова беше прекрасна ноќ на Енфилд. Да бидам искрен чуден натпревар од самиот почеток. Целиот натпревар го покажа квалитетот на Борусија. Имаа шанси, а ние по пресингот го губевме поседот на топката, иако сакавме да им парираме. Резултат од 0:2 е убиствен против екипа која има контра како Борусија, но продолжението на дуелот беше фантастичен. Со влегувањето на Ален и на Стариџ сакавме да покажеме карактер. И да загубевме немаше да има врска, тоа е фудбал, но моравме да покажеме карактер. Ова е европскиот фудбал во најдоброто издание, беше прекрасно, неверојатно.