Кошарка
26. January 2022 - 9:16

Клиперс го направи најголемиот камбек во НБА од 2009 година | ВИДЕО

Екипата на Лос Анџелес клиперс го направи најголемиот резултатски пресврт во НБА во последните 12 години. Клиперс ноќеска го победија Вашингтон со 116:115, иако во втората четвртина заостануваа 35 поени.

На 20 секунди до крајот Вашингтон визардс водеше со седум разлика (114:107), но и тоа не беше доволно за успех.

Победата на Клиперс ја донесе Лук Кенард, кој погоди тројка под фаул на 1,9 секунди до крајот на четвртата четвртина, по што го реализира и дополнителното слободно фрлање.
 
Претходниот сличен камбек во НБА-лигата се случи пред 12 години на 21 декември 2009 година. Тогаш Сакраменто го победи Чикаго (102:98), надоместувајќи негатива од 35 поени на средбата.