Македонија
30. March 2024 - 16:33

Климатските промени сериозна закана за земјоделското производство

Климатските промени стануваат  сериозна закана за земјоделскиот сектор. Како резултат на тоа приносите се намалени, а квалитетот послаб. За ублажување на проблемот неопходна е поголема едукација на земјоделците и примена на стратегии за адаптација, сметаат стручните лица од овој сектор. Професорот Томе Тимов чија специјалност е градинарското производство,  вели дека без примена на на одржливи земјоделски методи, како што се користење на сортници и култури отпорни на суша и топлина, примена на техники за заштита на почвата и водните ресурси загубите секоја година ќе се зголемуваат. Според него, неопходно е усвојување и на техники за засадување кои го намалуваат губитокот на вода.

Дека е неопходна едукација на земјоделците согласни се и претставниците од земјоделските здруженија. Освен примената на нови технологии и сорти тие сметаат дека посебно внимание треба да се посвети и на делот на осигурувањето на посевите како една од најефикасните заштити од елементарни непогоди.

Според стручните лица, во решавањето  на проблемот неопходно е да се вклучат сите релевантни фактори, од земјоделци,  до институции, училишта и факултети. Дополнително предлагаат и  обезбедување на финансиска и техничка поддршка за руралните заедници за да се справат со последиците од климатските промени и да применуваат одржливи практики во земјоделството.