Кошарка
25. September 2017 - 20:33

КК Вардар по вторпат победник на „Демшар куп“

Кадетската екипа на кошаркарскиот клуб Вардар (играчи родени 2003 година) го освои првото место на 25.то издание на Демшар купот во Нови Сад. Со овој триумф „црвено-црните“ го одбранија пехарот што минатата година го освои селекцијата на Вардар (играчи родени 2001 година).
Во финалето Вардар го совлада тимот на Баскет Бања Лука со 79:56.
Претходно во рамките на групата „црвно-црните“ постигнаа две убедливи победи над Спортс ворлд Нови Сад 69:49 и против ИБЦ 71:51.
Победничкиот пехар од организатор го прими капитенот на екипата Дамјан Гацов, додека признанието МВП (најкорисен играч) му припадна на Михаел Наумоски.    
Освоеното прво место е обврска следната година нова селекција од младите категории на Вардар да настапи на овој турнир.