Кошарка
27. November 2015 - 11:58

КК Куманово има нов тренер

Кошаркарскиот клуб Куманово и тренерот Љубисав Луковиќ спогодбено го раскинаа договорот, а од тимот покрај тренерот со замина и крилниот играч Вукашин Мандиќ, кој две ипол години го носеше дресот на Куманово.
 
Луковиќ и Куманово се разделија поради просечните резултати кои клубот ги бележи од почетокот на сезоната.
 
Куманово во домашното првенство по седум одиграни натпревари има скор од три победи и четири порази, додека во Еврокупот на ФИБА, по пет одиграни натпревари во конкуренција на Турк Телеком, Роса Радом и КТП Баскет забележа само една победа.
 
Кумановци во иднина од клупата ќе ги предводи Страшко Тодоровиќ, кој ќе дебитира в сабота на мечот во Кавадарци против Фени.