Ќосески-МакТирнан: Се интензивираат односите Македонија - Австралија
Почесниот конзул на Република Македонија во Западна Австралија Зоран Ќосески се сретна со министерот за регионален развој, земјоделство, храна, вработување и трговија Алана МакТирнан при што разговарале за унапредување на трговско-економските односи меѓу Западна Австралија и Македонија.
Како што соопшти канцеларијата на Почесниот конзулат, на средбата, на која присуствувале и координаторот на владејачката парламентарна партија Дејвид Мајкл и парламентарката Џесика Стојковска, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивирањето на соработката меѓу двете земји.
- Конзулот Ќосески и министерката МакТирнан изразија обострано задоволство од развојот на билатералните односи меѓу Австралија и Македонија и во тие рамки и Западна Австралија, за кои се согласија дека се интензивираат и унапредуваат на сите нивоа и се во нагорна линија, се наведува во соопштението.
Министерката МакТирнан, се додава, истакнала дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Западна Австралија ќе продолжи и во иднина како и досега да ја почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија и да дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти
за развој и зачувување на нивниот јазик и идентитет во Австралија.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто