Џет-Сет
19. November 2015 - 20:51

Ќерката на водителката која го загуби животот со емотивен статус ги расплака сите

 
 
 
 
Актерката Срна Ланго, ќерката на водителката која го загуби животот, со емотивен статус се прости од својата мајка.
 
"Во 9 часот и 20 минути престана да куца твоето срце, она топло срце кое го сакав како никој друг до сега. Освен се што беше, ми беше мене МАЈКА. Една, единствена, незаменлива. Беше храбра и духовита и во последните моменти. Останува да бидеме најдобрата верзија од она што таа не научи да бидеме во животот. Фала на сите за сочувството", напиша ќерката на познатата хрватска водителка, низ болка.
 
Дуња почина на 74-годишна возраст.