Ќерката на Раул Кастро предлага легализација на истополови бракови на Куба
Мариела Кастро, кубанска пратеничка и ќерка на лидерот на Комунистичката партија и поранешен претседател Раул Кастро, соопшти дека ќе инсистира истополовите бракови да бидат вклучени во процесот на уставни реформи, кој би требало да започне во јули.
Се очекува реформата да покрие голем број промени, осовременувајќи го Кубанскиот устав од 1976 година, создаден за планска економија од советски стил. Комунистичката влада полека ги воведува пазарните реформи и се обидува да поттикне позначајна интеракција со светската економија.
Хомосексуалноста беше подложена на гонења во годините по револуцијата од 1959 година, предводена од семејството Кастро, но Куба ја прекина оваа политика и забрани дискриминација на работното место.
Мариела Кастро стана познат поборник за хомосексуалните права.
Таа вчера изјави дека ќе настојува со новиот устав и закони да се дозволат хомосексуалните бракови.
Се очекува новиот кубански претседател Мигел Диас-Канел, кој го наследи Раул Кастро минатиот месец, да ја поддржи
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација