Џет-Сет
8. October 2016 - 14:11

Ќерката на Цеца ја сними првата реклама, хонорарот за една добра кола

Анастасија Ражнатовиќ стана заштитно лице на познат производител на бунди, па така ја сними и својата прва реклама, за која добила сериозен хонорар. Се зборува дека во прашање се 20.000 евра.

Ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ неодамна го смени имиџот и стана црнка, поради што многумина ја споредија со Ким Кардашијан, а сега покажа дека тоа одлично и оди и позирањето за рекламна кампања.

Foto: e-stock.us/Stefan Filipovic

Иако ова и е прв деловен ангажман, Анастасија на фотографиите изгледа подобро од било кога, облечена во скапоцено крзно, а се чини дека во новата улога одлично се снаоѓа.

Foto: e-stock.us/Stefan Filipovic