Македонија
3. November 2015 - 15:14

Ќе се зајакнуваат капацитетите на општините преку проект на Светска банка

Зајакнување на капацитетите на локалната власт во Југоисточпна Европа (ЈИЕ) и опремување на локалните власти, градските администратори и техничкиот персонал, со практични алатки за донесување одлуки за ефикасно управување со урбаниот развој. Тоа е целта на втората фаза од Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство (ПУП) во Македонија  промовирана денеска на работилница организирана од СБ и домашните партнерски институции во Македонија.
 
Програмата ги опфаќа земјите од Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.
Како што соопшти Канцеларијата на Светска банка во Скопје, првата фаза на програмата (2011-2014 година) се фокусираше на главните димензии на локалната власт, вклучително и општинското финансирање, урбаното планирање и управување со земјиште, урбаното владеење/антикорупција и социјалната одговорност. Втората фаза на програмата (ПУП ИИ) официјално беше промовирана во февруари 2015 година и има за цел понатамошно зајакнување на синергиите помеѓу различни компоненти во рамки на Програмата и со други активни програми во регионот на Југоисточна Европа.

Националната работилница за општинските носители на одлуки – градоначалници, заменици на градоначалниците и останатите локални власти, како и преставници на невладини организации беше можност за претставување иновативни и практични инструменти, како што се „самопроценка на општинското финансирање“, „урбана ревизија“, „градење интегритет/антикорупција“ и „социјална одржливост и иницијатива за ангажирање на граѓаните“.

До сега, различни компоненти од Програмата се имлементирани во повеќе општини во Македонија, вклучувајќи ги Гази Баба (Скопје), Струмица, Гостивар, Виница и Град Скопје, а повеќе општини изразиле интерес за нивно вклучување.

- Стратешкото планирање на антикорупција, како дел од Програмата на Светска банка за урбано партнерство, помогна за општината подобро да ја разбере важноста за проактивен пристап во градење на интегритет на локално ниво, тоа ни помогна да разбереме како може да го подобриме нашиот внатрешен систем на организација, комуникација и соработка, за да ја направиме нашата општина поодговорна, транспарентна и ориентирана кон граѓаните, рече Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Според градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, Програмата за урбано партнерство, посебно нејзините компоненти за стратешко планирање на антикорупцијата, општинско финансирање, самопроценка на општинското финансирање и урбана ревизија, помогнале Гостивар да ги зајакне капацитетите во подобра внатрешна организација, подобрени услуги и зголемен ангажман на граѓаните.

Компонентите на програмата се комплементарни по природа, и овозможуваат општините да ја подобрат својата ефикасност на сеопфатен начин: општинско финансирање, урбано планирање и програмирање на инвестициите, градење интегритет, социјална одржливост и граѓански ангажман – со иста цел за зајакнување на транспаретноста, одговорност и интегритет на јавните услуги и зголемување на довербата кај граѓаните. Понатаму, Град Скопје покажа интерес во понатамошно подобрување на социјалната одржливост базирана на Акциски план дизајниран за време на првата фаза од Програмата (ПУП И).

- Националната работилница преставува можност за општинските донесувачи на одлуки да дознаат за практичните инструменти и пристапи понудиени во Програмата, рече Сабине Палмрутер, виш службеник на проекти и лидер на Програмата. “Општините ќе бидат поканети за учествуваат во ИИ-та фаза на Програмата“.