Македонија
7. September 2021 - 12:25

Ќе се укинат ли мерките за Струга и Кичево?

Утре завршува препораката за онлајн настава во Струга и Кичево. Комисијата за заразни болести на состанокот ќе треба да одлучи дали од четврток ќе има продолжување или учениците ќе се вратат во училишните клупи иќе следат настава со физичко присуство. Струшките средни училишта велат дека се подготвени образовниот процес да го следат со физичко присуство.

Наспроти средните во основните училишта наставата од први септември е со физичко присуство и истата се одвива непречено. 

Инаку, Кризниот штаб од Струга поради лошата епидемиолошка слика и зголемениот број на заболени од коронавирусот побара пролонгирање на почетокот на учебната година наместо на први да започне на 20 септември. Како ќе продолжи наставата во средните училишта во Струга од четврток ќе се знае по конечната одлука на Комисијата за заразни болести.