Ќе се спушти возрасната граница за користење лична асистенција
Владата денеска на седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, со кој се предвидува овозможување на услугата лична асистенција да ја користат и деца од шестгодишна возраст со намален функционален капацитет со цел да се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности, информира владината прес-служба.
Поддршка ќе може да се користи заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка. Со предложените измени се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец. Предлог законот во редовна постапка ќе биде доставен до Собранието.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата денеска ја усвои и Предлог-програмата за развој на дејноста за заштита на децата како и Предлог -програмата за остварување на социјалната заштита, кои опфаќаат исплаќање на средства за исплатата на декемвриските надоместоци од сферата на детската и социјалната заштита.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска