Ќе се снима петтото продолжение на Индијана Џонс
Студиото „Дизни“ потврди дека за многумина омилениот археолог истражувач наскоро ќе се врати на големото платно.
Директорот на компанијата Роберт Ајгер во интервју за Блумберг Њуз вети нови авантури на Индијана Џонс, додавајќи дека филмот е веќе во подготовка.
- Се додека имаме камшик, шешир, кожен елек и маж на коњ, кој знае како да ја изврши својата задача ќе имаме нови авантури, изјави неодамна Стивен Спилберг, режисер на претходните четири филма.
Славниот режисер во таа прилика истакна дека не му паѓа на памет во улогата на Индијана Џонс да го замени Харисон Форд со некој друг актер.
- Само Харисон Форд може да биде Индијана Џонс, рече тој.
Форд, кој има 73 години изјави дека не би ја пропуштил можноста да заигра во уште еден филм за Индијана Џонс.
Првиот филм од популарната франшиза „крадци на загубениот ковчег“ во кино салите се појави во 1981 година, а последниот „Индијана Џонс и кралството на кристалните черепи“ датира од 2008 година.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија