Македонија
18. February 2016 - 20:48

Ќе се реконструира Универзалната сала

Градот Скопје и Министерството за култура нема да градат нова туку ќе ја реконструираат постоечката зграда на Универзалната сала. Причина за тоа се барањата од граѓанските и уметничките здруженија кои сметат дека 65 милиони евра се многу за изградба на нова сала. Реконструкцијата за која веќе има идејно решение ќе чини околу 15 милиони евра.

Градот на денешната седница ја изгласа одлуката со која го пренесе правото на реконструкција, доградба и надградба на Универзална на министерството за култура.

Според проектот не е предвидено дополнително проширување на просторот околу салата туку во истите рамки ќе се изградат потребните содржини, а во истиот проект се испланира изградба на соодветен паркинг простор пред салата.