Живот
20. November 2016 - 15:19

Ќе се расплачете: Ова 4-годишно девојче му ја врати волјата за живот на непознат старец

Сè започнало оној ден кога 4 годишната Нора Вуд од САД отишла со мајката во супермаркет за да пазари за својот роденден. Во еден ред меѓу полиците видела еден тажен стрец и застанала. Му мавнала со раката и му рекла „Здраво, стар човеку. Денес ми е роденден“.

Му го рекла тоа на 82 годишниот Дан Петерсон кому сопругата му починала шест месеци претходно по што тој паднал во тешка депресија.

Тој изненадено ја погледнал со малку насмеано лице и ѝ одговорил: „Па здраво млада дамо, како си денес? “

Двајцата разговарале неколку минути, а мајката подоцна раскажала дека глетката била неверојатна. Разговарале како да се познаваат со години, а на крајот таа посакала да се слика со него.

Позирале заедно гушнати како стари пријатели кои не се виделе со години.

dan-nora2

По оваа средба тие станале вистински пријатели кои постојано се гледаат. Дан дури бил и на вечера во нејзниот дом. Малото девојче, како што вели старецот, му го променила животот и му дала причина за живот која ја загубил кога починала неговата сопругата. Да ја гледа како расте.

Нора му го покажува цртежот кој го нацртала за него

Нора му го покажува цртежот кој го нацртала за него

-Тој ден кога ја запознав беше најдобриот ден кој го доживеав по долго време. Пред да го сретнам ова весело девојче, со месеци бев депресивен, се сожалував самиот себеси и на сè гледав песимистички. Таа ме врати во живот, повторно внесе светлина во него, чувство на среќа, вели Дан.

Нора го поканила на чај и колачи

Нора го поканила на чај и колачи