Бизнис
15. October 2020 - 16:35

Ќе се раскинат договорите со уште две странски компании?

Виси реализацијата на уште две инвестиции во зоните. Сител веќе објави дека Владата ја задолжила Дирекцијата за технолошките развојни зони да ги раскине договорите со германската Кеслер и албанската Саген заради пробивање на роковите за почеток со градба. Денеска директорот на зоните вели дека се следи работата сите компании кои имаат склучено договори.

Премиерот Заев е задоволен од тоа како се реализираат инвестициите во зоните, но и надвор од нив со оглед на состојбата со пандемијата. Смета дека владината поддршка ќе ги охрабри компаниите да вложуваат и во услови на криза.

Интензивно се работи на инфраструктурата во повеќе зони низ земјава за да бидат подготвени за нови инвестжтори, но и да се олесни работата на постоечките. Компаниите кои веќе работат во зоните и покрај кризта и отпуштањата заради неа, го задржаа бројот на работници непроменет.