Бизнис
14. May 2021 - 19:44

Ќе се продава ли државно земјоделско земјиште за 1 евро квадрат?

Нацрт законот за продажба на државно земјоделско земјиште е ставен на ЕНЕР и повикана е цела јавност да учествува во најдобрите решенија на законот, а предвид ќе се земат сите аргументирани предлози, изјави министерот за земјоделие Арјанит Хоџа. Тој демантира дека ќе се продава по ниски цени.

-Во ниту еден случај нема да се продава земјоделското земјиште така како што во јавноста се шири дека ќе се продава по евтини цени или ќе се продава за после да се пренамени во градежно земјиште - апсолутно не. Секоја продажба што ќе се изврши евентуално со донесувањето на законот ќе биде искористена исклучително само за развој на земјоделството и ќе имаме многу заштитни механизми во тој дел и нема да дозволиме некој да злоупотребува со тоа“, изјави Аријант Хоџа, министер за земјоделие.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека тие се против овој закон и дека ќе го блокираат во парламентот.

-И тој закон кога ќе дојде во парламентот, ВМРО ДПМНЕ ќе интервенира амандмански, доколку тие амандмани кои се разумни и се во заштита на интерсира на граѓаните не бидат прифатени од страна на влста, ќе биде блокиран. Ние не излегуваме по социјални медиуми, да обвинуваме, еве во рамките на парламентот тој закон ќе го блокираме, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Нацрт законот предизвика голем број реакции во јавноста.