Македонија
13. July 2020 - 16:44

Ќе се отвараат 16 Ковид центри

Со регионални “Ковид – Центри” во 16 општини државата ќе се справува со есенскиот бран на коронавирусот. Предлогот добил подршка од сите градоначалници. Центрите за Ковид пациенти планирано е да бидат во близина на болниците и здравствените домови во овие градови, но физички ќе бидат одделени за да не се загрозува здравјето на другите болни, како и нормалното функционирање на здравствените установи.

- Станува збор за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид центри, соопштија од  министерството за здравство.

Предлогот за регионални Ковид-Центри ќе се разгледува и на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, на кој ќе присуствуваат и директорите на 16-те болници  за да кажат дали имаат доволно кадар и технички услови да прифаќаат заразени со коронавирусот.

Ваква болница веќе има пред Инфективната, но во неа беа третирани десетици пациенти бидејќи не беа исполнети сите капацитети во Клиниката, ГОБ 8 септември и во вториот Ковид-Центар во детската болница во Козле.

За есенскиот бран претходно беше најавна и Ковид-амбуланта позади Интерните клиники која ќе профункционира од септември.