Македонија
31. March 2023 - 16:38

Ќе се олеснува преминот на границите меѓу Македонија и Србија

Од единствени земји кои во минатото немаа граници, станавме единствен регион кој има гранични контроли. Премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка, Ана Брнабиќ се договорија за олеснето преминување на граничниот премин Табановце – Прешево. Планот е на да се воведе еден систем за проверка на пасоши и мобилни читачи. Целта е за 50% да се зголеми протокот на возила на овој граничен премин.

„Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние Значи ако излезете на север од овде на Хорвош, на само 200 километри од тука, граници нема до Скандинавија. А ако сакате да одите на Балканот, на секои 100 километри имате граници. И затоа ако некои проекти не ги сакам, кога ќе ми дојдат од Европска унија за финансирање, унапредување на гранична конторла, на нас не ни требаат граници. Јас Западен Балкан го замислувам како регион без граници, интегриран во ЕУ. Границите кои моментално постојан, меѓу земји кои имаат безцариснки режим меѓусебе кои имаат пријатески односи се само извор на корупција и ништо друго“, вели Ковачевски.

Со меморандум ќе се регулира соработката во енергетиката. Србија со интерконектор ќе се приклучи на гасоводот Македонија-Грција. Прашан, зошто Македонија не доби гас со кој требаше да се произведува струја и за Македонија и за Србија, Ковачевски рече дека станувало збор за оправдани технички причини.

Брнабиќ вели исклучително важно е да земјите од Балканот да се фокусираат на енергетска независност.

Двете држави се договорија за олеснето користење на патарините. Со македонските Мтаг картички ќе може да се плаќаат патарини во Србија, а со српските електронски картички ќе може да се плаќа во Македонија. Според Брнабиќ, овој проект би требало да се реализира летово кога практично и протокот на возила е многу поголем поради туристичката сезона.

Премиерите на двете држави се согласни дека Иницијативата „Отворен Балкан“ ги дава своите резултати бидеќи и Македонија, и Србија и Албанија веќе ги чувствуваат бенефетите од регионалните проекти. Само лани, извозот Македонија кон Србија е зголемен за 54%, додека Србија кон Македонија е зголемен за 16%.

Пред средбите со Брнабиќ, Ковачевски се сретна и со српскиот претседател Александар Вучиќ. По средбата тој објави дека односите меѓу двете држави се на највисоко ниво од осамостојувањето на двете држави.