Ќе се мери квалитетот на воздухот и во Кисела Вода
Во општина Кисела Вода ќе почне да се мери загадувањето на воздухот. Општината планира годинава да набави два мобили мерачи, едниот за квалитетот на воздухот и другиот за бучавоста.
- Оваа набавка е велезена во буџетската програма за 2018 година и се надевам дека во поскоро време ќе ги завршиме сите технички работи што ни се потребни за да ги набавиме тие два апарата, вели градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски во интервју за МИА.
Посочува дека се контролираат големите индустриски капацитети лоцирани на територијата на општината и од страна Министерството за животна средина и просторно планирање и од страна на општинскиот инспектор.
Во Кисела Вода, како што истакнува, недостасуваат вработени во Секторот за инспекциски работи каде има 12 заедно со комуналните редари, а општината ги покрива и Сопиште, Студеничани и Зелениково. - Имаме, додава, само двајца градежни инспектори, еден за екологија и еден за домување.
Во делот на заштита на животната средина, истакнува дека од Министерството за животна средина и просторно планирање добиле информации дека се обезбедени средства и за чистење на малата депонија со линдан од Охис.
- Во Охис има уште многу хемикалии останати познати и непознати, треба да се исчистат. Јас имав средба со стечајниот управник каде што ми беше кажано дека во текот на годината треба да се исчисти за да се продаде, вели Темелковски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација