-->
-->
Ќе се избира нов член на ДИК, на местото на Виолета Дума
-->

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да усвои предлог-одлука за разрешување на Виолета Дума, член на Државната изборна комисија (ДИК).
Дума ќе биде разрешена од оваа функција бидејќи ги исполнува условите за заминување во пензија. Таа неодамна беше избрана на оваа функција на предлог на СДСМ.
Претседателот на Комисијата Зоран Илиовски појаснува дека за пополнување на местото член на ДИК на предлог на СДСМ ќе биде распишен јавен оглас.
ДИК се очекува денеска да одржи седница на која што треба да биде избран генерален секретар на Комисијата. Според информациите од ДИК, на огласот којшто беше распишан се пријавиле 14 кандидати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
