-->
-->
Ќе се гради патот во село Нов Истевник до Балабанско маало
-->
Преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието, Општина Делчево ќе го гради локалниот пат во село Нов Истевник до Балабанско маало.
Како што информира Тони Стоименовски од Општина Делчево, реконструкцијата на овој инфраструктурен проект е од приоритетно значење.
- На овој дел досега овде немаше асфалт, а реализацијата на овој проект ќе овозможи современ пристап на луѓето до домовите, но и ќе ги поврзе останатите граѓани до земјоделските и шумските површини кои се наоѓаат во атарот на ова село. Општина Делчево аплицираше по проект по мерка 124 во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, за средства во висина од 1 милион денари, должната на патот е160 метри, рече Стоименовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари