Балкан
22. јуни 2020 - 11:10

Ќе се дигитализира образовниот процес во Словенија

Следната учебна годишнина во Словенија наставата нема се изведува само класично, односно таа ќе биде комбинација од настава во училиште и дигитална настава на далечина, најавија од Министерството за образование.

Надлежните сметаат дека образовниот процес ќе се моделира според условите со коронавирусот, но си сигурност дел од учениците од дома и преку дигитални алатки ќе го совладуваат материјалот.

Според министерката за образование Симона Кустец, сосема е извесно основците да одат редовно училиште, додека средношколците дел од предметите ќе ги следат од дома, односно на далечина.

– Во новите услови со пандемијата на коронавирусот, нашиот образовен систем се покажа како еден од трите најдобри во Европската унија, изјави Кустец.

Според Кустец за време на летниот распуст нивна задача како министерство ќе биде да проверат дали учениците и наставниот кадар имаат доволно информатичко знаење и опрема за да може од септември непречено да се одвива образовниот процес.