Бизнис
31. August 2018 - 19:39

Ќе поскапат надоместоците за концесија за рудниците

Ќе се зголеми дел од концесискиот надомест што го плаќаат концесионерите на рудници, најавуваат од Министерството за економија. Велат дека веќе прават анализи со сите засегнати страни, по што допрва ќе се утврди за колку ќе се зголеми тарифата за овој тип концесиски надомест.

“Моментално, Министерството за економија има тарифник што се праќа и усвојува во Влада. Има разлика меѓу металичните и неметаличните руди. Значи, не зборуваме за надоместокот што се плаќа во општина и во државна каса, туку се зборува за надоместоците што секој концесионер ги плаќа врз основ на простор, значи по км2, или врз основ на тоа колку руда експлоатира”, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Надлежните информираат дека се работи на иницијативата приходите од концесиските надоместоци општините да ги користат за подобрување на животот на граѓаните.

“Јас сум убеден дека треба да направиме промени за тие надоместоци, а истовремено тие средства да видиме заедно со другите затекнати страни и институции во државата, да ги намениме за проекти што ќе придонесат за подобрување на животната средина, во здравството и во образованието”, објаснува министерот Бектеши.

Надлежните велат дека концесионерите на рудници веќе се информирани дека ќе се зголемат надоместоците што ги плаќаат.